Дома Останати Кошарка Инцидент на автопатот Скопје – Велес: Девојче ги испровоцирало „Чкембарите“! (ФОТО)

Инцидент на автопатот Скопје – Велес: Девојче ги испровоцирало „Чкембарите“! (ФОТО)

Кошаркарите на Пелистер го завршија учеството во Купот на Македонија по поразот од Куманово во четвртфиналето, натпревар што помина во тензична атмосфера и со еден прекин, а инцидент имало и по дуелот.

На пат кон Битола, дел од навивачката група Чкембари предизвикале инцидент во угостителски објект на автопатот Скопје – Велес. Според сведочења на присутни, конфликтот започнал кога навивачите забележале обележје на Вардар кај девојче кое престојувало во локалот. Обидот да ѝ биде одземен симболот довел до ескалација на ситуацијата, по што биле нападнати и други лица кои се нашле во објектот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во инцидентот неколку лица се здобиле со повреди, меѓу нив и малолетници. Освен физичката пресметка, едно возило останало без регистарски таблички, а на влезните ознаки од локалот биле испишани пораки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојниот Нено со 22 поени го реши европскиот шампион (Видео)

Кошаркарите на Баерн Минхен славеа против Фенербахче со 85-76 во Евролигата, предводени од…