Дома Фудбал Инцидент кај аеродромот во Тузла, непознати лица нападнале навивачи на Црвена звезда (Видео)

Инцидент кај аеродромот во Тузла, непознати лица нападнале навивачи на Црвена звезда (Видео)

Непријатни сцени се случуваа вечерва во близина на Меѓународниот аеродром во Тузла каде што непознати лица нападнале навивачи на Црвена звезда.

Црвена звезда во четврток одигра натпревар од Европската лига на гостувањето кај Малме, и успеа да запише златна победа во борбата за пласман во нокаут фазата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Белградскиот клуб славеше со минимални 1:0 со голот на Василиј Костов и сега има шанса со победа над Селта во последното коло директно да се пласира во осминафиналето, што би било огромен успех.

Звезда имаше голема поддршка од своите навивачи иако натпреварот се играше во Шведска, а некои од нив се задржаа малку подолго во Малме.

Всушност, некои навивачи на Звезда патуваа од тузелскиот аеродром до Малме и назад, и за жал вечерва дојде до инцидент.

Според објавениот извештај на Klix.ba, во непосредна близина на аеродромот во Тузла дошло до физички конфликт, бидејќи непознати лица нападнале навивачи на Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Валверде е сè што фудбалер на Реал Мадрид треба да биде“

Има многу причини поради кои Манчестер Сити синоќа беше фаворит во првиот натпревар од осм…