Дома Останати Тенис Имал претчувство: Ѓоковиќ зборуваше за соништата и што сонувал пред да му се роди ќерката

Имал претчувство: Ѓоковиќ зборуваше за соништата и што сонувал пред да му се роди ќерката

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето на УС Опен, но на прес-конференцијата по мечот со Камерон Нори доби прашање што го замисли – што сонуваш?

Прашан дали има некој сон што му се повторува или станува толку јасен што долго го памети, Новак рече дека поголемиот дел од неговите соништа се поврзани со професионалниот повик.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


– Поголемиот дел од соништата што ги сонувам се поврзани со тенисот! Жена ми ќе ме убие… Навистина е така, толку многу го зафати мојот живот. И, секако, децата откако станав родител. Интересно е што имав претчувство дека вторпат ќе добиеме дете и знаев кој пол ќе биде. Тоа е нешто што се истакнува, нешто што е значајно – изјави Ѓоковиќ.

На прашањето дали сонува за некој момент во тенисот што го преживеал или не го доживеал, Новак тврди дека сè се смирило откако на Олимписките игри освои најсјајниот медал.

– Интересно… Толку интензивните соништа запреа по златниот медал. Главно се сонуваше за Олимпијадата, а од тој момент почнаа други соништа – заклучи Ѓоковиќ.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…