
Нема многу играчи кои со само 21 година знаат каде сакаат да ја завршат својата фудбалска кариера, но ова момче дефинитивно има јасна визија за иднината.
Барселона секогаш беше позната по својата школа на фудбал, познатата „Ла Масија“, а еден од последните „продукти“ од таму е Марк Касадо.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Касадо дојде во младинските категории на каталонскиот клуб во 2016-та година, кога имаше само 13 години.
Тој беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, а имаше чест да биде капитен на „Јувенил А“ тимот (категорија под 19 години).
Неговите настапи во младинските категории не поминаа незабележани, па Чави му даде шанса во сениорскиот тим во ноември 2022 година.
Тогашниот шеф на стручниот штаб на Барселона го вклучи во игра на еден натпревар од Лига на шампиони – во 67-та минута од натпреварот против Викторија Плзен го замени Франк Кеси.
Досега има собрано веќе 40 настапи за сениорскиот тим на сите натпреварувања, а на својата сметка има еден гол и шест асистенции.
Сега, со една изјава ги освои срцата на сите навивачи на Барселона и уште еднаш покажа колку навистина го сака овој клуб.
„Би сакал целата кариера да ја играм и да ја завршам во Барселона! Тоа е мојот сон, бидејќи тоа е клубот кој го сакам“, изјави младиот Касадо.