Дома Фудбал Има само 15 натпревари во Премиер лигата, а Јунајтед и Челси водат битка за неговиот потпис!

Има само 15 натпревари во Премиер лигата, а Јунајтед и Челси водат битка за неговиот потпис!

Мaнчеестер јунајтед и Челси изразија силен интерес за играчот од средниот ред на Сандерленд, Ноа Садики, поради неговото неверојатно деби сезона во Премиер лигата. Овој 20-годишен фудбалер, проценет на 25 милиони евра, привлече внимание од гломазните клубови, а менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, наводно, побарал од управата барем еден нов играч од средниот ред во летниот трансфер период 2026 година, пренесува Goal.

Според информациите на Саша Таволиери од Sky Sports, Јунајтед насочил целото внимание кон Садики како основна цел за летото 2026. Младиот играч од средниот ред стана приоритет, особено ако и следниот трансфер период пропадне обидот за добивање на Карлос Балебе од Брајтон. Долготрајната потрага по Балебе, која трае уште од летоска, сеуште е нерешена. И покрај тоа што клубот постигнал лични договори со играчот, високата компензација што ја бараат “Галебите” останува голема пречка.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Состојбата на „Олд Трафорд“ прави пристигнувањето на нов играч од средниот ред уште поитно. Каземиро влегува во последните месеци од договорот, а клубот му нуди продолжување на соработката, додека понудите од Саудиска Арабија сè уште се опција. Мануел Угарте сеуште се мачи со адаптацијата, а Коби Мејно, некогашниот скапоцен камен на клубот, е сè понезадоволен откако Аморим неколку пати го исклучил од почетната постава. Очекува се дека Наполи веќе во јануари ќе испрати официјален интерес за Мејно.

Садики пристигна на „Стадион на светлината“ пред само неколку месеци од белгискиот Унион Сент-Жилсоа за 15 милиони фунти и веднаш стана едно од најголемите изненадувања на лигата. Започна на сите 15 натпревари на Сандерленд оваа сезона, а со своето интелигентно читање на играта, прецизната дистрибуција и извонредната работната етика стана незаменлив дел од „Црните мачки“.

Неговите настапи ги забележа и Челси, кој наводно веќе испратил прашање за цената. Сепак, во Лондон би се борел за место во тимот со Мојсес Каиедо и Енцо Фернандез, што прави преминот во Јунајтед да изгледа како поверојатна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тијаго, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во н…