
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи својата кариера во Италија или Шпанија. Италијански медиуми допуштаат дека неговиот менаџер веќе стапил во контакт со Милан, Комо и Рома.
Аргентинскиот голгетер ја игра својата четврта сезона во турскиот гигант, каде досега има постигнато 69 гола и реализирано 22 асистенции. Со пристигнувањето на централниот напаѓач Виктор Осимен, како и крилниот напаѓач Лерој Сане, позицијата на Икарди во клубот се промени.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Иако оваа сезона постигна осум гола на 21 натпревар, само шест пати беше стартер во играта. Со оглед на тоа што неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот на оваа сезона, постои можност во зимскиот трансфер период да замине во друг клуб. Италијанските медиуми дополнително информираат дека за него пројавуваат интерес и шпанските прволигаши Елче и Овиедо.
Во текот на кариерата, Икарди игрaше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најголем успех и влијание остави во Интер, каде што на 219 натпревари постигна 124 гола.