
Жереми Матије, поранешен дефанзивец на Барселона, денес 41-годишник, кој со каталонскиот великан ја освои Лигата на шампионите и две титули во Ла Лига, најде интересен начин на заработка по заминувањето во пензија.
Фотографијата која неодамна стана вирална на социјалните мрежи открива дека Матије, кој некогаш ја делеше соблекувалната со Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез, денес работи како вработен во Интерспорт, познатиот ланец на продавници за спортска опрема. Иако многумина првично се сомневаа во автентичноста на фотографијата, француските медиуми ја потврдија вистинитоста на приказната.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Според L’Equipe, поранешниот француски репрезентативец е вработен во филијала меѓу Аикс-ан-Прованс и Марсеј, каде работи како еден од менаџерите на одделот за фудбал. Наводно, продавницата е преплавена со повици откако се рашири веста дека таму работи познатиот фудбалер.
Во дресот на Барселона заработувал меѓу 115 и 120 илјади евра неделно, но моменталната плата во Интерспорт не е достапна. Паралелно со новата работа, Матије посетува и курсеви за тренери.