
Изгледа дека шпекулациите околу иднината на Трент Александер-Арнолд во Реал направија вистинска врева во изминатите денови. Шпанските медии објавија дека новиот тренер на „кралскиот клуб“ му соопштил на поранешниот бек на Ливерпул дека не фигурира во неговите идни планови.
Но, денеска „Дејли Мејл“ ги демантира овие гласини и истакнува дека иако стартот на Александер-Арнолд во Мадрид беше тежок, информациите не се точни. Тој моментално се бори со повреда, заради што има настапено само на 11 натпревари сезонава, без особено влијание на тимот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Трент е проценет на вредност од 70 милиони евра, според „Трансфермаркт“. Пристигна во Реал минатото лето како голема ѕвезда, откако го освои англиското првенство со Ливерпул.