
Златан Ибрахимовиќ денес работи како стручен советник на Милан откако имаше фантастична кариера во најдобрите европски клубови. Често објавува на социјалните мрежи, па така неодамна сподели како се почестил со редок и скап Ферари.
Денес, поранешниот репрезентативец на Шведска имаше и објава посветена на Ноќта на вештерките, конкретно, на неговиот костим за тој празник. Ибрахимовиќ одлучи да се нашминка и облече како Џокер, легендарниот непријател од серијалот ДЦ Комикс, кој е еден од најголемите непријатели на Бетмен. Фановите му ја засипаа објавата со лајкови и коментари, восхитени од тоа колку се потрудил. Објави фотографии доцна во петок навечер, а преку ноќ доби околу 800 илјади лајкови.
.