
Легендарниот фудбалер дојде на идеја да се испроба во друг спорт, но не како играч.
Паделот е сметан за еден од најбрзо растечките спортови низ светот, а Ибрахимовиќ имаше идеја да го подигне “светот на падел” во Шведска на повисоко ниво.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Златан Ибрахимовиќ вложи милионска сума во развојот на овој спорт во неговата земја. Отвори центри во неколку града во Шведска преку својата мрежа “Padel Zenter”.
Проценката беше дека популарноста на овој спорт ќе расте со истото темпо, но некогашниот фудбалер на најтежок начин дозна дека таа процена е погрешна.
Побарувачката за термини за играње падел значително падна во Шведска која сега има премногу терени.
Во моментот кога падел стигна во оваа земја, беше претставен како “златен спорт”. Ибрахимовиќ е една од јавните личности кои учествуваа во промоцијата на паделот, но сега се соочува со проблеми.
Според извештаите од Шведска, најголем проблем е фактот што цените за термини останаа високи и тогаш кога интересот почна да опаѓа, а тоа само го забрза падот.