Дома Фудбал Ибрахимовиќ му одговори на Роналдо: Не сакам да го трошам моето време на такви дебати

Ибрахимовиќ му одговори на Роналдо: Не сакам да го трошам моето време на такви дебати

Португалецот Кристијано Роналдо пред неколку дена изјави дека саудиската лига е подобра од француската, по што Златан Ибрахимовиќ беше замолен да ја коментира неговата изјава.

Роналдо истакна дека е тешко да се трча во високи температури и дека Лига 1 го има само ПСЖ.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


“Саудиската лига е подобра од Лига 1 и не го велам тоа затоа што играм тука. Не ми е многу важно што мислат луѓето, играчите треба да дојдат овде и многу брзо ќе се уверат во тоа. Само нека се обидат да спринтаат на 38, 39 или 40 степени Целзиусови. Дојдете и видете. Ако ми не верувате, дојдете. Во Франција само го имаат ПСЖ, сите други екипи се просечни. Никој не може да го победи ПСЖ затоа што имаат најмногу пари и најдобри играчи”, рече Роналду пред неколку дена.

Брзо му пристигна одговор од Лига 1 кои поставија фотографија на Лионел Меси со пехар наменет за освојувачот на Светското првенство.

“Како Лео Меси игра на 38 степени Целзиусови”, стои во објавата на Лига со фотографија од поранешниот играч на Барселона и ПСЖ како го слави освојувањето на светската титула со Аргентина во Катар 2022 година.

Како да им тоа не беше доволно па покрај описот додадоа и емотикон на коза што симболизира “најдобриот на сите времиња”.

Наскоро потоа Роналдо доби и одговор од легендарниот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ.

“Нема што да се одговори тука. ПСЖ е еден од најголемите европски клубови и игра во многу добра лига. Можеби само Шпанија и Англија можат да кажат дека имаат посилни лиги од Франција. Не можам и не сакам дури ни да одговарам на такви работи, не сакам да го трошам моето време на такви нешта”, му возврати Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сервираше одмазда, заврши „медениот месец“ на Консеисао во Милан (Видео)

Јувентус забележа значајна победа во дербито против вечниот ривал Милан, триумфирајќи со 2…