Дома Фудбал И тоа се случи: Телохранителот на Меси соборен на земја и поразен во спринт трка

И тоа се случи: Телохранителот на Меси соборен на земја и поразен во спринт трка

Телохранителот на Меси, Јасин Чуеко, го доживеа првиот „пораз“ во трката за да стигне до својот клиент пред навивачите да упаднат на теренот и да посакаат да го гушнат можеби најдобриот фудбалер на сите времиња.

Јасин Чуеко е поранешен припадник на единицата за специјални сили на Navy SEAL, а долго време служи како приватно обезбедување на Лионел Меси.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Чуеко безброј пати успеваше да ги спречи навивачите кои се обидуваа да стигнат до легендарниот Аргентинец на пат или на терен, а секој пат ќе беше побрз и со голем успех го штитеше Лионел Меси.

Не и овој пат. Имено, на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Сан Мигелито, навивач упадна на теренот и со полна брзина се обиде да дојде до Меси. Чуеко гледаше се и на време тргна да го пресретне навивачот, но се случи нешто неочекувано.

Навивачот се лизнал и лизгајќи се по тревникот го удри Чуеко, кој и самиот паднал на земја. Навивачот бил побрз при кревањето и успеал да ја допре светската фудбалска ѕвезда, а телохранителот веднаш станал по него и набрзо го одвоил од Меси.

Така, Чуеко по долгогодишен сервис и слични ситуации за прв пат во кариерата беше „победен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ му се развика на Винисиус на мечот против Леганес (Видео)

Реал Мадрид со многу потешкотии го обезбеди пласманот во полуфиналето од Копа дел Реј, сов…