Дома Останати Тенис И тоа се случи: Кирјос победи првпат по 29 месеци!

И тоа се случи: Кирјос победи првпат по 29 месеци!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос забележа триумф во првото коло на Мастерсот во Мајами и на тој начин ја прекина неверојатната серија без победи.

Еден од најталентираните играчи на денешницата, кој поради разни причини не го реализираше ниту дел од својот голем потенцијал, против Мекензи МекДоналд славеше со 2:1, и на тој начин стави крај на серијата од дури 29 месеци без победа.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Кирјос го совлада МекДоналд по пресврт со резултат 3:6, 6:3, 6:4, а во второто коло ќе се сретне со Карен Хачанов, кој беше слободен во првото коло.

Последната победа Кирјос ја оствари во октомври 2022 година против Камил Мајхчрзак на турнирот во Токио, а по тоа на теренот се најде девет пати и сите девет пати беше поразен.

Дел од заслугите за поразите се и честите повреди, поради кои е моментално дури 892-ри на ATP листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер запали цигара среде натпревар во Мајами (Фото)

Аргентинскиот тенисер Франциско Комесања успешно ги заврши квалификациите за престижниот М…