
Манчестер Јунајтед ги подготвува плановите за потпис од Карлос Балеба.
Како што веќе беше објавено, тој е еден од главните желби на Рубен Аморим, а денес тоа го потврди и добро информираниот Фабрицио Романо.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, Брајтон тешко ќе се согласи да го продаде скапоцениот играч за врска во зимскиот трансфер период.
“Сè уште можам да ви потврдам дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Карлос Балеба и дека Балеба е многу отворен за трансфер во Јунајтед, особено сега кога тимот се подобри оваа есен. Балеба е едно од најбараните имиња во управата на Јунајтед за позицијата централен играч за врска. Сепак, реализацијата на трансферот во јануари е многу тешка, но летото би можело да донесе нови можности. Балеба е апсолутен приоритет за Јунајтед”, изјави Романо.
Да потсетиме, Јунајтед минатото лето се обиде да го обезбеди Балеба, но Брајтон бараше дури 120.000.000 евра, поради што преговорите пропаднаа.