Дома Фудбал Хујсен пристигна, Реал сега е на чекор од ново засилување!

Хујсен пристигна, Реал сега е на чекор од ново засилување!

По доведувањето на Дин Хујсен, Реал Мадрид има уште едно засилување – Алваро Карерас!

Денес, Фабрицио Романо потврди дека левиот бек се согласи со сите услови и постигна договор со Реал, кој сега треба да преговара со Бенфика за откупната цена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид веднаш по финалето на Купот на Португалија меѓу Бенфика и Спортинг ќе започне со реализација на трансферот.

Откупната клаузула за Карерас изнесува 50 милиони евра, но во Мадрид веруваат дека при договорот со играчот ќе успеат да ја намалат сумата која ќе ѝ ја понудат на Бенфика.

Карерас може веќе во понеделник, по финалето со Спортинг, да отпатува за Мадрид, бидејќи планот на Перес е пред завршетокот на Светското првенство во САД да заврши три засилувања.

Првото беше Хујсен, наскоро се очекуваат Карерас и Трент Александар-Арнолд, за кого Реал е подготвен да плати симболична сума за да го ослободи од Ливерпул и да игра на Светското.

Ќаби Алонсо веќе го составува тимот и на овој турнир ќе може да ги уигрува новите играчи и да создава состав за следната сезона.

Фото: Real Madrid/C.F
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…