Дома Останати Ракомет Хрватите пласманот во финалето на СП го посветија на голманот кој беше тешко нокаутиран и претепан од соиграч

Хрватите пласманот во финалето на СП го посветија на голманот кој беше тешко нокаутиран и претепан од соиграч

Десното крило на ракометната репрезентација на Хрватска, Филип Главаш, големата победа против Франција и пласманот во финалето на СП ги прослави во дрес на соиграчот и голманот Матеј Мандиќ, кој поради повреда го пропушти турнирот.

Српскиот ракометен бек, Милош Кос, пред два месеца по домашниот пораз на Загреб од Нантес во Лигата на шампиони го нокаутираше соиграчот и хрватскиот репрезентативен голман Матеј Мандиќ, кој мораше да оди на операција на јаболкова коска и не можеше да игра за Хрватска на Светското првенство.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Главаш не заборави што се случило, па после натпреварот со Франција го облече дресот на Мандиќ, а фотографии објави и Ракометниот сојуз на Хрватска на нивните официјални социјални профили, посветувајќи го триумфот на Мандиќ.

Загреб на крајот донесе одлука да го продаде Кос година и половина пред истекот на договорот, а Србинот ја продолжи кариерата во Германија, во Ерланген.

Да потсетиме, Хрватска в недела ќе игра во Осло во финалето на СП против подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Данска и Португалија, кој ќе се игра вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометна еуфорија во Хрватска: Хајдук никогаш не играл порано Хрватите во недела се интересираат само за ракомет

Ракометарите на Хрватска се пласираа синоќа во големото финале на Светското првенство во р…