Хрватскиот репрезентативец Лука Сучиќ во текстот на познат шпански медиум се опишува како ѕвезда на Реал Сосиедад. „Неговата способност да доминира на средината на теренот и неговиот придонес во нападот и одбраната, го направија клучен играч во тактиката на Иманол Алгуасил. Неговата младост и потенцијал за напредок се причините зошто е уште попривлечен за елитните европски клубови”, пишува во текстот.
Според „Фичајес“, во Јунајтед гледаат во Сучиќ долгорочно решение за тимот кој е во фаза на реконструкција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не е чудно интересот на Манчестер Јунајтед, со оглед на влијанието кое веднаш го имаше во Реал Сосиедад”, пишува во текстот.
Притоа се истакнува дека клубот бара околу 40 милиони евра за неговите услуги. Сучиќ оваа сезона одигра 17 натпревари за Реал Сосиедад, а постигна еден гол и забележа една асистенција.