Дома Фудбал Хотелот воведе казни од 3.000 евра за гости кои гледаат натпревар низ прозорецот (Фото)

Хотелот воведе казни од 3.000 евра за гости кои гледаат натпревар низ прозорецот (Фото)

Хотелот на стадионот на англискиот клуб Блекпул воведе парични казни од 3.000 евра ако гостите за време на средбите го гледаат теренот низ прозорецот на нивните соби, пишува листот Telegraph.
Имено, хотелот на својот веб-сајт наведува дека гостите во луксузните соби со директен поглед кон теренот мора да ги спуштат завесите 90 минути пред почетокот на секој домашен натпревар и да ги држат затворени за време на целиот натпревар.

Мерките се применуваат и покрај тоа што цените на собите на денот на натпреварот се зголемуваат, па гостите плаќаат и до 160 евра за ноќевање во простории кои порано биле користени како ВИП ложи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Новинарот на „Телеграф“ кој неодамна престојувал во хотелот за време на натпревар помеѓу Блекпул и Бредфорд не бил однапред известен за обврската да ги спушти завесите при пријавувањето во хотелот, само нешто повеќе од еден час пред почетокот на натпреварот.

„Ние како хотел всушност не надгледуваме, но апсолутно мора да ги спуштите завесите. Наводно, можете да бидете казнети со околу 3.000 евра ако ве фатат”, го предупредил рецепционерот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…