
Вирџил ван Дајк, холандски фудбалер и член на Ливерпул, отворено зборуваше за шпекулациите околу заминувањето на Мохамед Салах од Енфилд.
Салах се врати во составот на Ливерпул во саботата за дуелот против Брајтон и при таа прилика стана играчот со најмногу постигнати голови и асистенции за еден клуб во Премиерлигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По натпреварот, Салах направи почесен круг околу теренот на Енфилд, видливо емотивен, со солзи во очите, што дополнително го поттикна нагаѓањето за неговото можно збогување со навивачите и клубот.
До понатамошно, Салах нема да игра за Ливерпул, бидејќи ќе настапува за Египет на Африканскиот куп на нациите.
Многумина се сомневаат дека Салах воопшто ќе се врати на Енфилд, бидејќи во зимскиот трансфер период многу лесно може да побара нов клуб.
Ван Дајк за англиските медиуми ја коментираше целата ситуација и рече дека сака Салах да остане во Ливерпул.
“Разговарам со него за сè. Му реков дека сакам да остане. Би сакал да го имам блиску до мене, затоа што е еден од најдобрите. Но, факт е дека оди на Африканскиот куп на нациите. Секако дека ќе сме во контакт наредните недели, како секогаш, и на крајот ќе видиме,” рече Ван Дајк.
Холандскиот стопер додаде дека му посакува на Салах сè најдобро и се надева на негово враќање.
“Му посакувам апсолутно сè најдобро и да се врати. Се надевам дека ќе се врати, но немам контрола над тоа. Сите знаеме каков е фудбалот и немаме поим што ќе се случи. Но, тој е многу важен за нашиот тим, но во оваа ситуација постојат повеќе страни,” кажа Ван Дајк.