Дома Фудбал Хојлунд го прослави голот пред Роналдо со неговата прослава – еве зошто го направил тоа

Хојлунд го прослави голот пред Роналдо со неговата прослава – еве зошто го направил тоа

Данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд беше стрелец против Португалија за 1:0 во 78-та минута од натпреварот во Копенхаген.

Но, во центарот на вниманието беше неговата прослава на голот, која беше таканареченото “сиуу”, потег со кој Кристијано Роналдо ги прославува своите голови, точно пред Португалецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Тој е мојот идол. Не сакав да го исмевам. Тој имаше огромно влијание врз мене и мојата кариера”, објасни Хојлунд, па додаде:

“Играм против најдобриот фудбалер на светот, мојот идол, и да постигнам гол и да победам, не може подобро. Да постигнам гол против него и Португалија е голема работа. Го гледав во 2009 кога постигна гол од слободен удар и од тогаш сум негов обожавател.”

Данска славеше со 1:0 на овој натпревар. Реваншот ќе се игра во недела од 20.45 часот во Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…