
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во вторникот успеа да се квалификува за Светското првенство. Тимот под водство на Сергеј Барбарез ја совлада Италија во пенал-рулетот и победија со 4:1.
По оваа голема победа, низ целата Босна и Херцеговина владееше неизмерна радост, а еден необичен видео материјал доаѓа од посебна локација.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На социјалните мрежи протече видео од авион во кој патниците беа информирани дека Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство, што предизвика огромно славје среде лет.
“Еден од најубавите моменти во животот. Некаде над Германија на лет кон Тузла, во авионот ја добивме информацијата дека нашата репрезентација на Босна и Херцеговина се изборила за место на Светското првенство”, беа зборовите поставени под видеото.