Дома Фудбал Хит сцена: Играч на натпреварот доби 55 килограми компири како награда

Хит сцена: Играч на натпреварот доби 55 килограми компири како награда

Францускиот дефанзивец Максим Салас, кој игра за данскиот тим Сондерјиске, стана централна фигура овој викенд – и тоа не само поради играта на теренот, туку и поради необичната награда која ја доби!

На натпреварот против Нордшеланд, кој тимот на Сондерјиске го победи со 3:2, навивачите го избраа Суара за најдобар играч, а следните случувања донесоа еуфорија и насмевки на лицата на присутните.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како подарок за извонредната игра, Максим доби дури 55 килограми свежо ископани компири! Наградата му беше доделена од денешниот спонзор на натпреварот, туристичката организација “groundhoppingtours”, која е позната по промоција на фудбалската култура и уникатни гестови низ Европа.

Фотографијата со огромната количина компири брзо стана хит на социјалните мрежи, а многу навивачи се шегуваа дека сега францускиот фудбалер ќе има залиха на храна за целиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија против Ирска без идеја и без голови

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без голови, против Република Ирс…