Дома Останати Тенис Хит сцена: Ѓоковиќ во Катар одржа част по јога за возачите во Формула 1 (Видео)

Хит сцена: Ѓоковиќ во Катар одржа част по јога за возачите во Формула 1 (Видео)

Најбрзите возачи од светот се веќе во Катар каде што овој викенд Формула 1 ќе се трка на патеката во Лусаил, а вчера вечер имале посебен гостин.

Ѓоковиќ пред една година потпиша договор за рекламирање со Qatar Airways, а бидејќи оваа авиокомпанија е еден од главните спонзори на трката за Големата награда на Катар, јасно е дека и освојувачот на 24 Грен слем титули се појави во Лусаил.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Не само што беше присутен, туку и им одржа јога час за сите заинтересирани возачи на Формула 1 и членовите на нивните тимови.

Снимката од Ѓоковиќ како води јога час ја објави возачот на Алпин, Франко Колапинто.

“Благодарам на Новак за часот. Потешко ми беше загревањето, не сум толку флексибилен како него. Беше неверојатно да го гледам Новак како се протега и движи. Дури и овие неколку минути ми помогнаа да разберам колку труд е потребен да се биде број 1”, изјави Колапинто.

Да потсетиме, единствениот слободен тренинг во Катар е денес во 14:30, а квалификациите за спринт трката ќе се одржат во 18:30.

Спринт трката ќе се одржи во сабота од 15:00 часот, а квалификациите за главната трка почнуваат истиот ден во 19:00 часот.

Главната трка за Големата награда на Катар ќе се случи во недела со почеток во 17:00 часот.

Засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе присуствува на главната трка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Грците може „вода да му носат“: Ѓоковиќ заигра познат танц и ги воодушеви сите

Српскиот тенисер, воедно и најголемиот на сите времиња во овој спорт, Новак Ѓоковиќ се при…