
Хари Мегваер одушеви на Eнфилд и донесе победа за Манчестер Јунајтед против Ливерпул, заслужувајќи го признанието играч на натпреварот.
„Овој успех ни значи сè. Тие беа подобри од нас во последните неколку години, што не е добро за нашиот клуб. Не им пруживме на нашите навивачи многу вакви моменти како денес, долго го чекаа ова – да дојдеме овде и да освоиме три бода“, изјави по натпреварот Хари Мегваер.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Беше важно да останеме во играта кога израмнија. Притискаа целиот натпревар, Гакпо ја погоди стативата, но не создадоа многу шанси и ние се чувствувавме прилично удобно. Потоа постигнаа добро изработен гол и можевме да потонеме, но држејќи се заедно, многу сум задоволен. Имаа поддршка од своите навивачи, а верувам дека нашите навивачи, имајќи предвид што претрпеа последно време, се плашеле од најлошото. Многу беше важно што се вративме и постигнавме гол“, додаде тој.
„Но, ова не е само поради трите бода за клубот и за нас. Седум години доаѓам на овој стадион, и секогаш беше тешко што не победувавме. Овој е за навивачите, и се надевам дека ќе имаат прекрасно вечер. Благодат е да се победи Ливерпул. Во фудбалот важни се спомените и создавање неверојатни моменти, и сигурен сум дека ова вечер им го овозможивме на нашите фанови кои ќе си одат дома среќни“, продолжи Мегваер.
„Не смееме да дозволиме да нè понесе оваа победа. Tреба да ја искористиме како мотив за напредок. Овој клуб размислува за денес, но веќе следната недела играме против Брајтон. Треба да останеме смирени“, заврши тој.