
Страшна трагедија го обележа првиот ден од 2026 година, каде што на прослава во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана во пожар во еден бар загинаа 40 луѓе, а најмалку 119 лица беа повредени. Секојдневно пристигнуваат нови информации поврзани со овој страшен настан, а сега се појави приказна и за своевиден херој.
Станува збор за младиот фудбалер на Мец, Тахирис дос Сантос, кој во моменти на голем пожар се вратил во запалениот бар кога сфатил дека неговата девојка Колин сѐ уште е внатре, за да ја извлече.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Приказната ја објави неговиот агент, Кристоф Уто, истакнувајќи дека фудбалерот веднаш истрчал надвор кога почнал хаосот, но се вратил назад откако сфатил дека неговата девојка сѐ уште е внатре.
– Беше на првиот кат кога настана пожарот. Веднаш излезе надвор, но сфатил дека девојката не е со него. Се вратил внатре и ја извлекол од пеколот, така што во исто време стана и жртва и херој – изјави агентот на фудбалерот за BFM.