Дома Фудбал Хаос се случуваше и на прес-конференцијата по финалето во Африканскиот Куп: Селекторот на Сенегал доби свирежи! (Видео)

Хаос се случуваше и на прес-конференцијата по финалето во Африканскиот Куп: Селекторот на Сенегал доби свирежи! (Видео)

Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето го совлада домаќинот на натпреварувањето, Мароко, со 1:0 по неверојатна драма обележана со контроверзни судиски одлуки, а гол за освојување на африканската титула постигна Папе Гуеј во 94. минута. Натпреварот беше прекинат во целосен хаос кон крајот од регуларното време откако сенегалскиот селектор, Папе Тијау, ги повлече своите играчи од теренот.

Оваа одлука дојде по доделувањето на контроверзен пенал за Мароко во длабокото судиско продолжение, кој го промаши Брахим Диаз. Сенегал потоа постигна гол во продолженијата и ја осигура титулата. Претходно, во 93. минута, играчите на Сенегал мислеа дека го постигнаа победничкиот гол. По ударот со глава на Сек кој ја погоди стативата, Исмаила Сар ја смести одбиената топка во мрежата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, судијата Жан-Жак Ндала од ДР Конго веќе ја прекина играта, досудувајќи прекршок на Сек врз Хакими. Сенегалската клупа реагираше бурно. Бидејќи судијата го означи прекршокот пред топката да влезе во голот, ВАР не можеше да интервенира.

Само неколку моменти подоцна, судијата беше повикан на ВАР провера за потенцијален пенал за домаќините. Во 99. минута, по прегледувањето на снимката, досуди казнен удар за Мароко поради држењето на Брахим Диаз од страна на Сек. Потоа играчите на Сенегал го напуштија теренот.

По скоро 20 минути прекин, сенегалските играчи се вратија на теренот. Брахим Диаз ја превзеде топката и изведе паненка, но Едуар Менди го прочита обидот и ја фати топката. Тоа беше последниот удар од регуларниот дел на натпреварот.

Судирите од натпреварот се пренесоа и на прес-конференцијата. Иако помина повеќе од еден час од завршувањето на финалето и церемонијата на доделување на трофејот, тензиите не стивнаа. Кога Папе Тијау влезе во просторијата за новинарите за да ја одржи прес-конференцијата, мароканските новинари го дочекаа со исвирканици и скандирања „Оди си, оди си“.

Тие се осврнаа на неговата одлука да ги повлече играчите пред да го напуштат теренот. Сенегалските новинари реагираа со аплауз и навивање за Тијау. Наскоро избувна судир меѓу спротивставените групи новинари.

Кога малку се смирија, мароканските новинари повикаа на бојкот на прес-конференцијата на сенегалскиот селектор и се упатија кон излезот. Тијау на ова реагираше со тоа што без зборови ја напушти прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик никогаш не сме го виделе толку лут, инцидентот на Аноета ја „тресе“ Шпанија: Разочаран сум и бесен!

Реал Сосиедад синоќа пред своите навивачи ја победи Барселона со 2:1 во натпревар од 20. к…