Дома Моторспорт Хамилтон разочара во Џеда – интервјуто му траеше само 32 секунди

Хамилтон разочара во Џеда – интервјуто му траеше само 32 секунди

Луис Хамилтон во Џеда доживеа ден што би сакал да го заборави. Седмото место и кратко, фрустрирачко интервју доволно зборуваат колку нештата не функционираат.

По триумфот во спринт трката во Кина минатиот месец, многумина очекуваа дека Хамилтон конечно ќе се вклопи со Ферари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, Големата награда на Саудиска Арабија донесе ново разочарување за седумкратниот светски шампион.

Хамилтон во текот на викендот повеќе пати наговестуваше колку му е лош новиот болид, во еден момент дури изјавувајќи дека му треба „трансплантација на мозокот“ за да разбере сè.

Во изјавата веднаш по трката, Хамилтон не ги криеше своите фрустрации.

Прашајќи го дали имаше нешто позитивно во вториот дел од трката по промена на гумите, кратко одговори: „Не. Немаше ниту една секунда да ми е удобно“.

На дополнително прашање од „Sky F1“ екипата колку навистина било тешко да го управува болидот, Хамилтон не бараше изговори.

“Па, очигледно е дека болидот е способен за трето место, Чарлс заврши одлична работа денес – така што не можам да го обвинувам болидот.”

Кога му поставија прашање дали има било каква идеја зошто токму тој има толку проблеми, следуваше само еден одговор: „Не.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тука ја изгубија титулата: Макс Верстапен ја отвори душата за големата грешка на Ред Бул

Макс Верстапен е 49 бодови зад Ландо Норис во борбата за шампионската титула. Сепак, Холан…