Дома Фудбал Халанд возврати со „низок удар“ по дебаклот против Арсенал (Видео)

Халанд возврати со „низок удар“ по дебаклот против Арсенал (Видео)

Арсенал синоќа го демолираше тимот на Манчестер Сити и потврди дека Граѓаните се наоѓаат во најголемата криза откако на клупата седна Пеп Гвардиола.

Конечниот резултат на натпреварот беше 5:1, а единствениот гол за Граѓаните го постигна Ерлинг Халанд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, и покрај поразот невозможно е да се провоцира Халанд кој очигледно сака да игра против Арсенал и да задава „ниски удари“.

Повторно Халанд се најде во судир со Габриел и тоа траеше практично целиот натпревар.

Сепак, во еден момент направи потег кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи, и за кој се зборува и денес.

За време на една дискусија на теренот Норвежанецот покажа на златниот лого на Премиерлигата кој се наоѓа на дресот на Манчестер Сити.

Јасно е дека Халанд рече дека Граѓаните се шампиони, а дека Арсенал веќе години не е, што дополнително ја зголеми неговата популарност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпани…