
Кога требаше да го прекине својот „малер3 на националниот стадион и да се запише како стрелец на Вембли, Ерлинг Халанд направи изненадувачки потег – му ја предаде топката на Омар Мармуш.
Египќанинот не се покажа на нивото на задачата, голманот на Кристал Палас ја доби психолошката битка, скокна на вистинската страна и го зачува „минималецот” што претходно го донесе Езе.
Хендерсон и екипата така го освоија првиот трофеј во историјата на клубот. Годините на успех за Манчестер Сити завршија со оваа сува сезона за Пеп Гвардиола, кој за прв пат остана без трофеј.
Голем број навивачи сега гледаат кон Ерлинг Халанд и бараат објаснување на ваквиот расплет на сезоната. Голгетерот кој не успеа да се истакне во клучните натпревари, нема постигнато гол во осум финалиња за Сити откако пристигна во клубот (2022).
Дополнително, ни на шестиот меч на Вембли не остави свој белег како стрелец. Тој низ го следи постојано и носи нервоза, затоа и му ја предаде топката на Мармуш за изведба на пеналот. Сите очекуваа оваа задача да ја преземе Норвежанецот, вклучително и самиот Гвардиола.
„Мислев дека Халанд ќе изведе, но тие не разговараа. Кога се донесе одлука за пенал, тоа е момент на чувство и кому е најудобно. Решиле дека Омар чувствува дека може да го изведе”, изјави Пеп.
Фото: Grok AI