Дома Фудбал Халанд потпиша договор со Манчестер сити кој ќе влезе во историјата на спортот

Халанд потпиша договор со Манчестер сити кој ќе влезе во историјата на спортот

Англискиот медиум „Атлетик“ утрово објави дека Ерлинг Халанд склучил нов договор со Манчестер сити според кој ќе има рекордна плата, а она што клубот од Етихад успеа да договори со него навистина е импресивно.

Манчестер сити успеа да го донесе Халанд летото 2022 година од Борусија Дортмунд за „само“ 60 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула на норвешкиот напаѓач, и се покажа дека тоа беше одличен потег.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Халанд има две фантастични сезони зад себе, а веќе во првата со Граѓаните успеа да освои речиси сè што можеше.

Тој со Сити имаше договор до летото 2027 година во кој имаше и откупна клаузула дека може да го напушти Етихад во летниот трансфер период, а цената беше повеќе од 100 милиони евра.

Угледниот „Атлетик“ утрово објави дека Haaland дефинитивно останува во Манчестер сити на подолг рок, бидејќи склучил нов договор со Граѓаните, што наскоро го потврди и клубот од Етихад.

Халанд го продолжи договорот со Сити за наредните девет и пол години, и истиот истекува дури на лето 2034 година. Малкумина очекуваа дека еден играч ќе се согласи да се врзе толку долго за еден клуб, но Халанд доби понуда која не се одбива.

Тој ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот, а она што е најважно за челниците на Сити е што „укинатите“ откупни клаузули за наредните четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим доби „зелено светло“: Ѓокереш прави трансфер вреден 83 милиони фунти!?

Според извештаите, Манчестер Јунајтед е подготвен да потпише со напаѓачот на Спортинг, Вик…