![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/3284bd71-1d69-4c24-ad55-66b1dd4c5967-850x491.jpg)
Во обид да останат во топ форма, фудбалерите користат голем број идеи кои ги применуваат и надвор од тренинзите. Еден од нив е спиењето со селотејп преку устата, што е метод кој го користи и Ерлинг Халанд.
Веќе некое време вирален тренд ја зафаќа Премиер лигата, пишува порталот givemesport.com. Лепливата лента преку устата го принудува дишењето преку нос за време на спиењето и влијае на физичката подготвеност на играчот.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Лентата над устата на Халанд помага да се забави неговото дишење, да се спречи суво грло и да се намали бројот на несакани честички кои влегуваат во неговото тело.
Освен тоа, телото развива навика да дише низ нос, што позитивно влијае на циркулацијата на крвта и мускулите за време на спортувањето, напиша Ас.
Експертите и претходно предупредуваа за овој тренд, а некои лекари го нарекоа најопасниот за кој слушнале неодамна. Апнеа, ризик од задушување во случај на затнат нос и можност за гушење доколку дојде до повраќање се некои од опасностите.