
Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд изјави дека неговиот тим може до крајот на сезоната да го освои ФА Купот и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Сити два кола пред крајот на Премиер лигата се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 65 бодови, а „Граѓаните“ до крајот на сезоната ќе играат против Борнмут и Фулам во англиското првенство. Пред тоа, клубот од Манчестер на 17 мај ќе игра во финалето на ФА Купот против Кристал Палас.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– Не покажавме константност во Премиер лигата, не остваривме доволно последователни победи како во претходните сезони. Изгубивме премногу натпревари. Кога освојуваш четири поврзани титули во Премиер лигата, сите очекуваат и петта, а кога тоа не се случи, тогаш е неуспешна сезона. Сами си поставивме такви високи стандарди – изјави Халанд за BBC и додаде:
– Ова беше тешка сезона, но можеме да ја завршиме со освоен ФА Куп и пласман во Лигата на шампионите – рече фудбалерот на Манчестер Сити.
Халанд истакна дека би сакал Манчестер Сити да го освои ФА Купот и поради белгискиот фудбалер Кевин де Брујне, кој ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната.
– Беше привилегија да играм со него. Ќе мора да најдеме некој што ќе го наследи, но прашање е дали некој може да го замени. Би сакал Де Брујне да замине од нашиот клуб со трофејот на ФА Купот – заклучи Халанд.
Фото: Принтскрин