Манчестер Сити бара идеален напаѓач за ротација, како Б опција за Ерлинг Халанд, а тоа би можел да биде – Еван Фергусон.
Младиот напаѓач на Брајтон се најде во втор план по заминувањето на Роберто Де Зерби, не е задоволен со својата минутажа и улога во Брајтон, а тоа сака да го искористи Манчестер Сити.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Некои извори пишуваат дека ова бил предлог на Чики Бегиристајн, сегашниот директор на Сити, кој е најзаслужен за бројни трансфери во последната деценија.
Ирецот има само 20 години, пред него е светла иднина, но изгледа дека моментално во Брајтон немаат многу доверба во него. Оваа сезона одигра 13 натпревари, постигна еден гол, а на теренот мина само 368 минути.
Фергусон претходно беше на мета на многу клубови, поради што Брајтон го обезбеди со договор до 2029 година.
„Трансфермаркт“ го проценува на 40 милиони евра, сигурно дека Брајтон ќе бара и повеќе, особено ако на вратата тропне Сити.
Да потсетиме, еден од главните проблеми на Сити е што Пеп Гвардиола нема резервна опција кога на Норвежанецот не му оди, што беше случај оваа сезона.