
Сагата за можното доаѓање на Ерлинг Халанд (25) во Реал Мадрид доби ново продолжение, а шпекулациите дополнително ги разгоре поранешниот новинар на клупската телевизија кој тврди дека Флорентино Перез веќе има план за донесување на норвешкиот напаѓач. Информацијата која одекна во медиумите ја објави Давид Санчез-Кањете, новинар кој долго работел на Realmadrid TV. На социјалната мрежа X го поврза доаѓањето на Норвежанецот со статусот на тренерот Хаби Алонсо, пишуваат шпанските медиуми.
„Чаби Алонсо беше среќен во Леверкузен. Може да се види на снимките од ‘Хугонеса’ како разговара со Фримпонг и Вирц, своите играчи во Бајер. Овде не ужива. Дејствува напнато. Но тоа има рок на траење, ќе помине веднаш штом во 2026 година се продаде еден играч и дојде друг. И тоа Норвежанец”, изјави Санчез-Кањете, потенцирајќи дека не се работи за неговото мислење, туку за информација од клубот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Неговите тврдења се надоврзуваат на неодамнешната изјава на Кеит Винес, поранешен извршен директор на Астон Вила, кој смета дека до голем трансфер би можело да дојде веќе на крајот од оваа сезона. Клучна улога во целата операција би можел да има Винисиус Жуниор.
„Мислам дека Ерлинг Халанд може да си замине на крајот од оваа сезона. Многу се зборува за можното заминување на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид во Саудиска Арабија. Гласините за 200 милиони евра за Бразилецот може да бидат фактор кој ќе му овозможи на шпанскиот клуб понуда за Халанд,” изјави Винес.
Халанд има договор со Манчестер Сити до крајот на јуни 2034 година, а Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 180 милиони евра. По игрите за норвешките клубови Бјарне и Молде, како 19-годишник пристигна во Ред Бул Салцбург, каде започна неговото фудбалско издигнување на тронот.