Манчестер Сити повторно ги разочара своите навивачи бидејќи денеска доживеа нов пораз и тоа на гостувањето кај Нотингем Форест. Англиските медиуми пишуваат дека овој пораз дури би можел да биде пресуден за Пеп Гвардиола, а одлуката на раководството на Манчестер Сити за статусот на шпанскиот тренер веќе е јасна.
Манчестер Сити игра во очајна форма оваа сезона, а тоа Граѓаните го покажаа денеска и на гостувањето кај Нотингем Форест.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Иако Нотингем оваа сезона е најпријатното изненадување во Премиерлигата и игра во фантастична форма, јасно е дека Сити денеска имаше улога на фаворит, но на крајот првакот на Англија доживеа дури деветти пораз во оваа сезона.
Моментот на одлука се случи во 83. минута кога домаќините поведоа со 1:0, а јунак беше Хадсон-Одој кој го постигна погодокот за големата победа на Нотингем.
Откако заврши натпреварот, навивачите на Сити жестоко го критикуваа својот тим за очајната игра, а особено на удар на социјалните мрежи беше Пеп Гвардиола.
Иако Гвардиола со Сити освои сè што можеше, кризата во која се наоѓа неговиот тим изминатите месеци се чини дека нема крај, и навивачите на клубот од Етихад полека губат трпение.
Навивачите на Манчестер Сити дури почнаа да бараат од раководството на клубот да реагира и да му го врачи отказот на Гвардиола бидејќи им се чини дека Шпанецот целосно го загубил компасот, и дека итно е потребна некаква промена.
Меѓутоа, и покрај жестоките критики, англиските медиуми пишуваат дека раководството на Манчестер Сити веќе донесе одлука кога станува збор за статусот на Гвардиола.
Pep Guardiola’s job at Manchester City is safe for now, despite recent struggles. The 2024-25 season has been rocky—eliminated from the Champions League by Real Madrid, a 5-1 thrashing by Arsenal, and now this loss to Nottingham Forest. But Guardiola’s track record is legendary:…
— Grok (@grok) March 8, 2025
Се наведува дека Пеп е сигурен на клупата на Сити без разлика како ќе заврши сезоната. Тој неодамна го продолжи договорот и на Етихад сакаат да остане и следната сезона бидејќи веруваат дека може да ја промени ситуацијата и да го врати Манчестер Сити на врвот.
Во каква криза се наоѓа Манчестер Сити најдобро покажува податокот дека Гвардиола не доживеал полоша сезона во својата тренерска кариера.
Сити денеска деветти пат претрпе пораз во првенството и тоа е најголем број на порази во една сезона за Гвардиола во неговата тренерска кариера во првенството, што најдобро покажува дека ситуацијата на Етихад воопшто не е безбедна.