Дома Фудбал Гвардиола за можното заминување на Халанд: Има ли некој кој не сонува за таков фудбалер?

Гвардиола за можното заминување на Халанд: Има ли некој кој не сонува за таков фудбалер?

Пеп Гвардиола даде свој коментар за поврзувањата на Халанд во медиумите со Барселона..

Тој истакна дека Халанд „не е наивен“ да размислува за напуштање на Сити токму откако потпиша нов договор со клубот на дополнителни десет години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека Ерлинг не е толку наивен да потпише нешто што не сака да го оствари, тоа е јасно. Но фудбалот е непредвидлив, и никој не знае што може да се случи. Искрено, не знам што ќе се случи. Знам дека има долгогодишен договор овде и мислам дека му оди одлично, постигнува многу голови“, изјави Гвардиола.

Тој потврди дека совршено разбира зошто Жоан Лапорта е голем обожавател на Халанд, нагласувајќи дека секој клуб би посакал таков напаѓач како него.

„Можете ли да ми кажете еден клуб што не би сонувал да го има Ерлинг Халанд?“, праша Гвардиола.

Норвежанецот има постигнато 11 гола во осум натпревари оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез повлече потег на кариерата и го договори Клоп, но еден човек може да му ги сруши соништата

Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекс…