
Фудбалските кругови се актуелни со новото Светско клупско првенство. Додека некои го поздравуваат овој турнир, сè повеќе тренери јавно го изразуваат своето незадоволство поради пренатрупаниот распоред и дополнителниот товар за фудбалерите.
Јирген Клоп, поранешниот тренер на Ливерпул, не се воздржа од остри зборови: “Светското клупско првенство е најлошата идеја некогаш спроведена во фудбалот во овој домен. Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневните фудбалски задачи измислуваат идеи”, изјави Германецот и предизвика масовни реакции.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Неговите зборови брзо стигнаа и до Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, кој моментално се подготвува за осминафиналето против Ал Хилал. Гвардиола го потврди стојалиштето на Клоп, но со малку повнимателен пристап:
“Не ме изненадува неговата изјава. Го разбирам, го почитувам. Но, ние имаме работа, во ФИФА, УЕФА, Премиер лигата, сите натпреварувања, а тренерите не ги организираат турнирите. Многу клубови се жалат на овој турнир, но бидејќи сме тука, горди сме на тоа.”
Сепак, Каталонецот предупреди на можните последици: “Одиме од натпревар до натпревар, месец по месец. Можеби во ноември, декември или јануари ќе настапи вистинска катастрофа. Ќе бидеме исцрпени.”
Можеби Светското клупско првенство ќе нè уништи. Не знам, но ова е првпат да се сретнеме со ваква ситуација. Дали би сакал да имаме два месеци подготовка за сезоната? Да. Дали би сакал да бидам одморен за новата сезона? Да. Но, таква е реалноста.”