Иако минатиот месец веќе потроши 152 милиони евра на засилувања, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да доведе уште тројца играчи од италијанската Серија А, објавија во петокот британските медиуми.
Прв на листата на желби на Гвардиола е играчот од средниот ред на Јувентус, Андреа Камбијасо (24), кого „Старата дама“ не сака да го пушти на средина од сезоната, освен ако не дојде „понуда што не може да се одбие“.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓
Ова, според британските медиуми, би можело да значи дека Јуве би попуштил доколку им бидат понудени сто милиони евра.
Гвардиола сака да го подмлади и средниот ред на Сити, во кој моментално се Илкај Гундоган (34), Кевин Де Брујн (33) и Бернардо Силва (30).
Стратегот на англискиот шампион сака да доведе двајца Бразилци, Даглас Луиз (26) од Јувентус и Едерсон (25) од Аталанта. Даглас Луиз помина две години во Сити, кој го продаде на Астон Вила за 17 милиони евра во летото 2019 година.
Во јули минатата година Луиз се пресели во Јувентус во трансфер вреден 51 милион евра. Едерсон го облече дресот на Аталанта во јули 2022 година, кога пристигна од Салернитана за 23 милиони. Неговиот договор со клубот од Бергамо е до јуни 2027 година.