
Време е Пеп Гвардиола да го напушти Манчестер Сити и да побара нов проект. Такво мислење изрази поранешниот аналитичар за настапите на тимот Карлес Планчарт, кој се смета за еден од најдоверливите луѓе на Пеп. Двајцата работат во тим веќе 18 години, и беа заедно во Барселона, Баерн Минхен и Сити
Планчарт го напушти „Етихад“ по завршувањето на минатата сезона, а тековниот договор на Гвардиола со клубот е до 2027 година.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Ова е лично решение кое ќе треба тој да го донесе. Мислам дека еден проект треба да трае пет или шест години, не повеќе. Потоа треба да се регенерираш. Како пријател би му рекол да побара нов проект, бидејќи сѐ уште има долг пат пред себе. Причината поради која остана толку долго во Сити е дека во овој клуб не третираат како семејство. Нѐ оставаат да работиме, како да сме дома. Не се чуствуваше така во Барса или Бајерн.
Тој е фанатик за фудбалот. Животот му е на зелената трева. Тој е генијалец, творец. Најголемата му сила е како го изумува фудбалот. Тешкото не
.