Дома Фудбал Гвардиола се враќа на стартиот рецепет: Поранешениот играч на Манчестер сити сега ќе му биде помошник?

Гвардиола се враќа на стартиот рецепет: Поранешениот играч на Манчестер сити сега ќе му биде помошник?

Стручниот штаб на Манчестер сити наскоро би требало да добие нов член, јавуваат медиумите блиски до клубот.

Никогаш потурбулентна сезона за “граѓаните” откако Пеп Гвардиола во 2016 година дојде на “Етихад”. Многу проблеми со повредите, недостиг на форма и добри игри… Пласманот во Лигата на шампионите и потенцијално освојување на ФА купот би било “полна капа” за Сити.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Се очекува на лето да дојде до неколку промени во тимот, но и во стручниот штаб. Имено, Пеп Гвардиола го повика поранешниот играч од средината и капитен на Манчестер сити, Фернандињо, да се приклучи во тимот и да му помогне со своето знаење и искуство. Воедно, Бразилецот би растел професионално кај Пеп и во иднина, потенцијално, може да работи самостојно со современи фудбалски механизми кои дополнително ги усовршил.

Слично се случуваше и со Микел Артета, кој по завршувањето на кариерата го прифати повикот на Пеп Гвардиола каде што учеше занает три години, а потоа заврши во Арсенал, каде што е и денес.

Фернандињо од почетокот на годината е слободен агент, уште не е сигурно дали ќе се пензионира, но контактот кој го воспостави со него Пеп Гвардиола би можел да ја забрза неговата одлука.

Во Сити Фернандињо играше од 2013 до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање з…