Дома Фудбал Гвардиола се откажа од титулата: „Оваа сезона е за страдање“

Гвардиола се откажа од титулата: „Оваа сезона е за страдање“

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола е свесен дека во мај ќе му биде тешко да ја освои Премиер лигата петти пат по ред, бидејќи неговиот тим со денешното реми на гостувањето кај Кристал Палас се оддалечи дополнително од овој подвиг.

Иако изгледаше дека по убедливата победа против Нотингем деновите на криза се зад актуелниот шампион на Англија, сепак ремито на „Селхерст“ ги разбуди духовите од минатото кои се сè почести кај тимот на Гвардиола после повредата на Родри.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Не можеме да зборуваме за борба за титулата кога губиме четири натпревари по ред и не победуваме редовно. Тешко е да се биде во ситуација во која се наоѓа Сити. Задоволен сум од играчите – се бореа и го дадоа својот максимум. Бодот ни припаѓа. Неверојатно се боревме и двапати се враќавме. Ова е сезона за страдање. Ќе видиме што сè ќе се случи во декември“, истакна шпанскиот стратег по уште еден од киксовите во последно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…