
Пеп Гвардиола сака да се засили во 2026 година, а веќе во јануари е подготвен да го продаде триото.
Станува збор за – Савињо, Рико Луис и Оскар Боп.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овие тројца играчи се сосема во втор план и немаат значителна минутажа, но на пазарот би можеле да бидат привлечни.
Ова особено се однесува на Савињо, кого летово Тотенхем сакаше да го купи, но не дојде до преговори бидејќи Сити наводно бараше дури 80.000.000 евра.
Савињо не успеа да се избори за поголема минутажа покрај Рајан Шерки, Жереми Доку и Фил Фоден, па не е невозможно да прифати заминување за да се наметне за Светското првенство во 2026 година. Карло Анчелоти смета на Савињо, но на неговата позиција има голема конкуренција и во репрезентацијата, така што му е потребна поголема минутажа.
Рико Луис исто така е во втор план, што го покажува минутажата од само 181 минута во Премиер лигата оваа сезона. Има одиграно двапати по 90 минути само во Лига купот, што јасно покажува дека кај Пеп е план Б.
За крај, тука е уште еден крилен играч, Оскар Боп, кој не може да се наметне во силната конкуренција.