Тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер сити Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим игра добро и покрај поразите кои се редат во последните неколку недели.
Манчестер сити е во најголема криза од доаѓањето на шпанскиот тренер на чело на клубот и имаат седум порази во последните 10 натпревари. Се разбира, ги мачат бројни повреди и приоритет за Гвардиола не е да донесе нови играчи, туку да се вратат оние што се отсутни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам моите играчи да се вратат на терен. Би сакал да се натпреваруваме со тимот што го имавме на почетокот на сезоната. Тоа е единственото нешто за кое што жалам“, изјави Пеп.
Лошата форма на Сити се поклопи со отсуството на Родри кој си го повреди колено против Арсенал и нема да игра до крајот на сезоната. Факт е дека Шпанецот во овој момент е најдобриот играч на планетата, но споредбата што ја направи Гвардиола не е на место, според многумина.
„Играме без освојувач на Златната топка и без најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона. Колку прстени освоија Чикаго булс без Мајкл Џордан? Ниту еден тим не може да игра без централни дефанзивци, без освојувач на Златната топка и најдобриот играч на сезоната“, рече тој.