Дома Фудбал Гвардиола повторно добива „нож во грбот“ – еден човек по втор пат за три години ќе го напушти

Гвардиола повторно добива „нож во грбот“ – еден човек по втор пат за три години ќе го напушти

Втор пат во три години, можеби играч на Манчестер Сити, на кого Пеп Гвардиола многу му верува, ќе замине. Ова би претставувало сериозен удар за шпанскиот стратег на клупата на „Граѓаните“.

Како што објави GOAL, Илкај Гундоган има понуда од Турција и сериозно ја разгледува можноста повторно да го напушти Етихад.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клубот кој покажал интерес за неговите услуги е првакот на спомнатата земја, Галатасарај.

Откако успеаја да го договорат Лерој Сане, раководителите на клубот од Истанбул се свртеа кон Гундоган.

Споменатиот извор наведува дека врзешот има понуда и од Саудиска Арабија, но му е приоритет да остане во Европа.

Истакнато е дека, доколку Манчестер Сити одлучи да го пушти, Галатасарај ќе биде првата опција за продолжување на кариерата.

Да потсетиме, во 2023 година Илкај Гундоган го напушти Манчестер Сити и одигра една сезона за Барселона.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луд гол во Серија А: Ја доби топката на својата половина, издрибла н неколку фудбалери и мајсторски погоди (Видео)

Семих Кличсој, младиот (20) напаѓач на Бешикташ кој е на позајмица во Каљари, против Торин…