Дома Фудбал Гвардиола: Нема подобар противник од Ливерпул за мојот натпревар бр.1000

Гвардиола: Нема подобар противник од Ливерпул за мојот натпревар бр.1000

Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола ќе го прослави својот натпревар бр.1000 во тренерската кариера во дерби натпреварот со Ливерпул. Во недела „граѓаните“ ги пречекуваат „црвените“ на „Етихад Стадион“, а според Шпанецот нема подобар противник за одбележување на овој подвиг од Ливерпул.

„Ако можев да одберам противник за мојот натпревар бр.1000, би го одбрал Ливерпул. Тоа е нашиот најголем противник во оваа земја, особено во времето на Јирген Клоп, и не можеше да биде подобро. Универзумот си ја знае работата. Мислам дека ние го поттикнавме Ливерпул да биде подобар, а тие го правеа тоа со нас”, изјави Шпанецот, кој додаде дека му недостасува многу Јирген Клоп.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Прашан за шансите за титулата, Гвардиола одговори:

„Ако Арсенал продолжи вака – да не прима голови и дури чисти шанси, ќе победуваат и ќе биде скоро невозможно да ги стигнеме. Но очекувањата секогаш се да стануваме подобри, а тие да губат поени. Сè што можеме да направиме е да ги добиваме нашите натпревари и да бидеме блиску. Арсенал треба да гостува на нашиот стадион. Исклучително е тоа што го прават, но ние сме на почеток на ноември и никој не го освојува првенството во ова време.”

Гвардиола откри дека најверојатно нема да го користи Родри во дербито со Ливерпул.

„Ќе видиме утре, но засега не мислам дека ќе го преземеме тој ризик. Потоа следува паузата за репрезентациите. Голем дел од сезоната е пред нас и ќе ни биде потребен.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја смени датата кога Шпанија и Аргентина ќе играат за трофејот “Финалисима”

Меѓународната федерација за фудбал, ФИФА, донесе одлука да ја промени првично планираната …