
Манчестер Сити го повика назад својот фудбалер, дефанзивецот Макс Ален од англискиот второлигаш Вотфорд. Според италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, причина за ова е повредата на Јошко Гвардиол. Одбраната на Манчестер Сити е значително ослабена и има потреба од зајакнување.
Пеп Гвардиола е задоволен од развојот на 20-годишниот англиски дефанзивец. Оваа сезона беше стандарден во составот на Вотфорд, одигра 17 натпревари во Чемпионшипот. Сепак, тој сè уште нема настап за првиот тим на Манчестер Сити. Се уште е непознато колку долго Гвардиол ќе биде отсутен од теренот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Гвардиол се повреди на почетокот на второто полувреме за време на вчерашниот натпревар помеѓу Сити и Челси, кој се играше во Манчестер. Хрватскиот дефанзивец мораше да го напушти теренот во 51. минута од натпреварот од 20. коло на англиската Премиер лига, откако неколку времиња лежеше на теренот со болна гримаса на лицето.
Се чини дека станува збор за повреда на десниот глужд, поради која беше потребна помош од физиотерапевтот и противничкиот играч Рис Џејмс за да го напушти теренот. Сити на натпреварот остана и без вториот дефанзивец, бидејќи поради повреда играта ја напушти и Рубен Диас во 81. минута. Натпреварот заврши резултат 1:1.
По натпреварот, Гвардиола коментираше за состојбата на двајцата повредени играчи. Тој изјави дека “Гвардиол не изгледа добро,” и додаде дека не зборувал уште со медицинскиот тим и дека повеќе информации за состојбата на повредените ќе бидат познати во текот на денешниот ден. Тој даде своја проценка за сериозноста на повредите. “Мислам дека ќе бидат отсутни неколку недели,” изјави тренерот на Сити.
Хрватскиот репрезентативец е еден од клучните играчи на Сити оваа сезона. Има посебна улога на дефанзивец кој често се вклучува во нападот и претставува закана по противничкиот гол. Во 23 натпревари постигна два гола и оствари пет асистенции.
🚨🔵 EXCLUSIVE: Manchester City recall centre back Max Alleyne from Watford with immediate effect.#MCFC act fast as Josko Gvardiol will be out for several weeks with injury.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 5, 2026
City were very happy with Alleyne’s game time and development at Watford + need him now.
Here we go 🔙 pic.twitter.com/SMKzi0nkyk