Дома Фудбал Гвардиола: Направив нешто за прв пат и згрешив. Преземам одговорност

Гвардиола: Направив нешто за прв пат и згрешив. Преземам одговорност

ПЕП ГВАРДИОЛА ја презеде целосната одговорност за поразот на Манчестер Сити против Баер Леверкузен (0:2) во Лигата на шампионите, признавајќи дека неговата одлука да направи дури десет измени во стартната постава била “грешка”. Тренерот на Сити смета дека овој потег ја чинеше неговата екипа победа, што ја отежнува можноста да се избегне плеј-офот за нокаут-фазата.

Поразот од германската екипа во вторникот беше прв пораз за Сити во домашен натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите од 2018 година. Ѕвездите како Ерлинг Халанд, Фил Фоден и Рајан Черки влегоа од клупата, но не успеаја да донесат пресврт откако Баер постигна по еден гол во секое полувреме.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Преземам одговорност, но сакам сите бидат вклучени. Кога сте фудбалер и не играте пет, шест, седум натпревари, тоа е тешко. Можеби беа премногу измени. Кога сте во голема екипа, мора да се покажете. Можеби играчите кои имаа редовни настапи последно време ќе имаа повеќе самодоверба”, истакна Гвардиола.

Поради послаби настапи, на паузата беа заменети Оскар Боб, Рико Луис и Рајан Аит-Нури, а подоцна од игра излезе и Омар Мармуш.

“Не може Халанд секогаш да игра 95 минути”

“Невозможно е да се мисли дека не се добри. Ако често играте, се чувствувате поудобно. Некои се плашат од грешка бидејќи не сакаат да направат нешто што би било лошо за тимот, но во тие моменти мора да бидете слободни и да jaq направите таа грешка”, додаде шпанскиот стратег и заклучи:

“Пробијте ги линиите, направете движење, доближете се и направете го тоа што мора. Имаме многу натпревари. Не може Халанд секогаш да игра 95 минути, потребни ни се свежи нозе. Но, ова беше премногу. За прв пат го направив ова во животот и беше премногу.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Флик ова никогаш не му случило во кариерата

Фудбалерите на Челзи одиграа одличен натпревар и целосно ја надиграа Барселона со убедливи…