Дома Фудбал Гвардиола: Најголемиот предизвик во кариерата? Ливерпул и Јирген Клоп

Гвардиола: Најголемиот предизвик во кариерата? Ливерпул и Јирген Клоп

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, трета година по ред се елиминирани од Лигата на шампионите, од Реал Мадрид.

Сити загуби од Реал Мадрид дома со 1:2, но од 20-та минута играа со играч помалку бидејќи Бернардо Силва заработи црвен картон. И покрај фактот дека е тешко да се справи со Реал, Пеп вели дека „кралскиот клуб“ не е најголемиот предизвик во неговата кариера.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Не, Реал Мадрид не е мојот најголем предизвик, Јирген Клоп во Ливерпул беше најголемиот предизвик, можеби вие сте новинари од Шпанија и не го забележавте тоа. Не разбирате како беше да се соочите со Ливерпул. Тие натпревари беа неверојатно искуство, учење за целиот тим, бидејќи игравме против тим кој, за разлика од нас кои не бевме во ова натпреварување пред 12 или 13 години, веќе го имаше тоа искуство. Тие понекогаш ги добиваа тие натпревари, Реал Мадрид нè победуваше. Победувавме и ние, имавме неколку одлични моменти“, рече Пеп.

Тој индиректно наговести дека ќе остане во клубот и следната сезона, иако многумина веруваат дека ова ќе му биде последна на „Етихад“.

„Знам дека го чекате денот кога ќе дојдам и ќе се збогувам, но мојот договор истекува во 2027 година. Сите сакаат да ме отпуштат. Требаше да освојам шест титули во Лигата на шампионите за да ми одадете признание. Откако ја освоив тројната круна со Барселона, сите шест трофеи за една година, од тогаш па натаму, ако не освојам сè, нема да бидам успешен. Го знам тоа од првиот ден“, рече Пеп.

Тој верува дека овој тим има огромен потенцијал и ќе го покаже во иднина.

„Рајан Шерки досега не играл во Лигата на шампионите, исто така и Антоан Семењо, Хусанов штотуку пристигна на големата сцена. Овој тим има голем потенцијал и верувам дека ќе растеме од година во година. Во нашата прва сезона бевме елиминирани од Монако во оваа рунда. Имаме многу, многу нови играчи и го видов потенцијалот. Во првите 20 минути на Бернабеу и во реваншот кога игравме 11 против 11, бевме многу добри. Ќе бидеме тука повторно“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи по поразот од 2-8 во Лигата на шампионите останува без важен фудбалер?

Енцо Фернандез го поттикна сомнежот за неговата иднина во Челзи со изјавата после тешкиот …