Дома Фудбал Гвардиола најави заминување од Манчестер Сити

Гвардиола најави заминување од Манчестер Сити

ПЕП ГВАРДИОЛА (54), еден од најуспешните фудбалски тренери денес, го потврди она што долго време се шпекулираше – неговата ера во Манчестер Сити се приближува кон крајот. Во ексклузивно интервју за списанието GQ Hype, познатиот каталонски тренер откри дека планира да земе одмор по завршувањето на неговиот циклус на “Етихад”, истакнувајќи дека дошло време да се посвети на себеси.

“Знам дека ќе се повлечам по оваа етапа во Сити, тоа е сигурно,” изјави Гвардиола, без да прецизира дали одморот ќе трае година или повеќе. Одлуката, според него, е конечна. “Ќе ги напуштам сите обврски по Сити, бидејќи морам да се запрам и да се фокусирам на себе, на своето здравје.”

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Гвардиола признава дека ова не е првпат да почувствува потреба за одмор. Донесе слична одлука кога ја заврши играчката кариера и по успешниот период на клупата на Барселона. Во двата случаи, пресуден беше менталниот, а не физичкиот замор. Неговиот ум бараше пауза, и го послуша.

“Мислам дека знаев кога да запрам во вистински момент. Тоа ми се случи и во Барса, дојде моментот кога реков ‘доста е’ и решив да барам нов предизвик”, објасни тој, нагласувајќи дека заминувањето од Сити ќе биде добро размислена одлука, а не последица од лоши резултати или јавни притисоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус на чекор од нов тренер: Пристигнува поранешнниот селектор на Италија!

Јувентус е во напредни преговори со поранешниот тренер на Италија и Наполи, Лучано Спалети…