Менаџерот на Манчестер Сити на прес-конференција во пресрет на дербито со Манчестер Јунајтед ги објасни гребаниците предизвикани по натпреварот со Феенорд пред неколку недели.
Гвардиола, кој се соочува со најголемата резултатска криза од почетокот на кариерата и оствари само една победа на последните 10 натпревари, денес со својот Сити ќе го пречека Манчестер Јунајтед со надеж дека ќе победи и така ќе го искористи киксот на Ливерпул кој вчера ремизираше со Фулам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лошите резултати се одразиле и на здравјето на самиот Пеп Гвардиола, а за време на мечот со Феенорд се изгреба по лицето и се појави полн со гребнатинки пред ТВ камерите.
Веднаш по тој натпревар, Гвардиола изјави дека сакал да се повреди поради лошиот резултат (3:3), но следниот ден им се извини на навивачите и објаснувајќи дека станува збор за шега и дека самоповредувањето никогаш не е опција.
Тој на денешната прес-конференција објасни како конзумира лекови за кожни проблеми.
“Имам проблеми со кожата долго време. Морав да пијам антихистаминици во последните две-три години. Да, го чешав носот со нокти, но проблемот е во кожата”, изјави Гвардиола.
Инаку, антихистамин е супстанца која предизвикува ослободување или дејство на биогениот амин хистамин во телото. Тие се користат во лекувањето на многу болести како што се алергиите.